Германскиот федерален министер за здравство Карл Лаутербах соопшти дека Германија нема да воведува карантин за Божиќ, за разлика од соседната Холандија.
„Не, нема да имаме заклучување како Холандија пред Божиќ“, рече Лаутербах за АРД.
„Но, ситуацијата не е добра, петтиот бран доаѓа кон нас објаснува Лаутербах.
„Го надминавме критичниот број заразени со омикрон. Затоа, овој бран веќе не може целосно да се запре и мора да се спротивставиме“ – вели минстерот.
Во Холандија, строгото заклучување стапи на сила денеска, како одговор на варијантата на коронавирусот што брзо се пренесува. Затворени се речиси сите продавници, ресторани, културни и спортски објекти, училишта и фризерски салони. Супермаркетите и аптеките беа изоставени од забраната.