Германија не може да ја предвиди надворешната и безбедносна политка на САД

Од:

Германските власти не може да антиципира кои се идните надворешно политички и безбедносни цели на новата администрација во Вашингтон.

„Во крајна линија останува ситуацијата дека, се уште, немаме јасна, кохерентна и сеопфатна слика за тоа каков вид надворешна и безбедносна политика ќе сака да спроведува администрацијата на Трамп во светот“, изјави денеска портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шефер, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Изјавата на германското МНР доаѓа неколку дена откако во Вашингтон дошло до средба меѓу германски дипломати и членови на „транзицискиот тим“ на претседателот Трамп кој го подготвува неговото доаѓање во Белата Куќа.

-Германија не може од оваа средба да предвиди какви се плановите на Трамп вели Шефер.

Загрижаноста во Германија е особено голема поради неколкуте изјави на Трамп во кои тој го пофали рускиот претседател Путин, а во својата нова администрација поставува луѓе кои што имаат пријателски односи со Москва. Германија, во соработка со претседателот во заминување Обама, беше еден од најгласните застапници на економските санкции кон Русија поради конфликтот во Украина.

Загриженоста во Берлин е уште поголема по информациите од САД дека Трамп планира целосно да ја ревидира улогата и активностите на некои од разузнавачките сервиси со кои Германија, како што се покажа од скандалот со прислушувањето, одлично соработувала во последниве осум години.

Германија пред неколку недели, по укажување на американските разузнавачи дека Русија влијаела врз изборите во САД, искажа стравување дека Русија би можела да интервенира и на германските сојузни избори во септември.

Досега американските разузнавачи не објавија цврсти докази за улогата на Кремљ во изборниот процес.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите