Германија ќе обучува Јазиди да се борат против ИД во Сирија и Ирак

Од:

Германски војници ќе обучуваат припадници на јазидското малцинство да се борат против групата Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија, изјави германскиот министер за одбрана Урсула фон дер Лајен.

– Од денеска Бундесверот ќе обучува јазидски единици во кризните реони, со цел да се вратат територии преземени од ИД, истакна Лајен, потврдувајќи дека обуката е организирана во координација со курдските сили Пешмерга.

Џихадистичката група од минатата година презеде под своја контрола големи територии во северниот и западниот дел на Ирак, како и во источниот дел на Сирија.

Десетици илјади лица побегнаа од северниот дел на Ирак, откако борците на ИД ја презедоа областа Синџар, кој е населена главно со Јазиди.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен