Германија ја запира депортацијата на бегалци во Унгарија

Од:

Германските власти веќе нема да враќаат баратели на азил во Унгарија, освен ако од властите во оваа земја не добијат гаранции дека тие ќе добијат соодветно сместување и заштита. Одлуката на официјален Берлин доаѓа по извештаите за влошените услови за згрижување на бегалците во оваа членка на ЕУ пишува весникот „ Ди Велт“.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин, според наредбата испратена минатата недела од страна на германското министерство за внатрешни работи до федералната Агенција за миграции и бегалци се бара барателите на азил да не бидат враќани во Унгарија освен доколку нејзините власти не дадат уверување дека сместувањето на секој поединечен случај не е согласно стандардите на ЕУ .

Согласно правилата на ЕУ познати како „Договорот од Даблин“ бегалците мораат да аплицираат за азилантски статус во првата земја на ЕУ во која што ќе дојдат а Унгарија е една од државите каде што мигрантите најчесто за прв пат влегуваат во унијата.

Унгарија во февруари најави дека барателите на азил ќе ги сместува во кампови со транспортни контејнери лоцирани на границата и дека ќе ја ограничи нивната слобода на движење што според властите во Будимпешта е согласно со меѓународното право за заштита на бегалците. Со оваа политика не се согласува Агенцијата за Бегалци при ОН (УНХЦР) од каде што во понеделникот побараа земјите членки на ЕУ да го запрат трансферот на бегалци во Унгарија додека не бидат подобрени условите за сместување во оваа земја.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски