Германија ја стопира обуката на пешмергите во Ирачки Курдистан

Од:

Германија ќе ја стопира својата мисија за обука на пешмергите во северен Ирак поради судирите меѓу Курдите и ирачката Влада, изјави денеска германската министерка за одбрана Урсула вон дер Лејен.

Германија досега беше главен партнер на ирачките Курди, која достави 32.000 парчиња автоматско оружје, како и друг вид оружје во вредност од околу 90 милиони евра од септември 2014 година.

Околу 130 германски војници се стационирани во главниот град на Ирачки Курдистан, Ербил, каде се обучуваат курдските борци.

Германската Влада денеска усвои тримесечно продолжување на седум мисии на германската армија во странство, но ја стопира обуката за курдските борци, бидејќи сака „да осигура единство на Ирак“.

– Минатиот петок се согласивме со Канцеларијата за надворешни работи да паузираме со обуката со цел да не испратиме каков било погрешен сигнал, наведе Лејен.

Таа додаде дека германската мисија за снабдување и обука на Курдите за борба против Исламска држава е потребна и исправна.

– Не заборавивме што беше во 2014 година кога Исламска држава се обиде да изврши геноцид врз Јазидите и тоа на околу десет километри од Багдад, потенцира Лејен.

Стопирањето на германската обуката на пешмергите е привремена и ќе зависи од состојбатра во Ирак.

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“