Германија издала 2.400 визи на Авганистанци и нивни роднини кои работеле за воениот персонал

Од:

Германските власти соопштија дека досега им издале 2.400 визи на лица од Авганистан и нивни роднини кои работеле за воениот персонал.

Портпарол на Министерството за надворешни работи во Берлин изјави дека изминатите недели биле издадени 2.400 визи за локални лица и нивни роднини. Тој призна дека постапката е со потешкотии поради военото повлекување и затворањето на германскиот генерален конзулат во Мазар-и-Шариф.

Според него, Берлин се обидува да соработува по ова прашање со партнери како што е Меѓународната организација за миграција, чие претставништво таму се уште не работи поради безбедносната состојба.

Минатата недела, Германија ги повлече своите последни трупи од Авганистан по речиси 20-годишна воена мисија фокусирана главно на север во државата. Тоа беше втор по големина странски воен контингент по САД.

Властите нагласија дека Германија има „голема должност“ да не остава незаштитени локални жители кои ги поддржуваа силите ризикувајќи ја нивната сопствена безбедност.

Пред заминувањето на војската, биле дадени патни исправи за 446 вработени и нивни роднини – вкупно 2.250 лица, изјави во Берлин портпарол на германското Министерство за одбрана. Според него, само „релативно мал број апликации“ останале нерешени.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“