Германија испрати нов пакет воена помош за Украина

Од:

Германија испрати нов пакет воена помош за Украина, кој вклучува противвоздушни ракети, артилериска муниција, борбени возила на пешадија, радари, камиони и друга опрема, објави германската влада.

Според списокот на воена опрема објавена на веб-страницата на германската влада, Германија, меѓу другото, и доставила на Украина тенковска муниција Леопард 2 А6, ПВО системот Скинек со муниција, ракети за противвоздушна одбрана IRIS-T SLM и речиси 10.000 дополнителни артилериски гранати од 155 мм.

Пакетот вклучува и неколку борбени возила на пешадијата, тенкови за мини, радари за воздушно набљудување и друга воена опрема.

Во текот на 2023 година, Германија одвои 5,4 милијарди евра (по 2 милијарди евра во 2022 година) како дел од средствата за иницијативата за градење безбедносни капацитети и се обврза на уште 10,5 милијарди евра во следните години.

Овие пари ќе бидат наменети првенствено за воена помош за Украина, соопшти германската влада.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања