Германија ги осуди „скандалозните казни“ против белоруската опозиција

Од:

Германската министерка за надворешни работи денеска ја осуди казната против лидерот на белоруската опозиција Сергеј Тихановски, кого Судот во Гомел го прогласи за виновен за повикување на насилство против властите и подготвување масовни немири во земјата и го осуди на 18 години затвор со максимално обезбедување.

– Ги земав предвид скандалозните казни против Сергеј Тихановски и другите, изјави Аналена Бербок на прес-конференција за време на посетата на Стокхолм. „Тие се срам за владеењето на правото и меѓународните обврски на Белорусија, додаде таа.

Сергеј Тихановски е познат видео блогер, кој се кандидира за претседател, но беше уапсен под сомнителни обвиненија и ставен во затвор. На негово место беше номинирана неговата сопруга Светлана Тихановскаја, која го освои второто место на претседателските избори. Опозицијата одби да ги признае резултатите и организираше протести, кои во некои случаи прераснаа во немири.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ