Германија ги менува правилата на границите и воведува нова корона карта

Од:

Од денеска сите кои од странство пристигнуваат во Германија мора да достават негативен тест за коронавирус, документ дека биле заразени со коронавирус или дека се вакцинирани.

Мерката не се однесува на деца под 12-годишна возраст.

Исто така, од денеска, Германија ќе ги категоризира земјите само во две зони: „зони со висок ризик“ и „зони со вирусни варијации“.

По пристигнувањето од „области со висок ризик“, граѓаните кои не се вакцинирани или претходно немале коронавирус, подлежат на 10-дневен карантин.

По пристигнувањето од „зони со вирусни варијации“ ќе мора да минат во задолжителен 14-дневен карантин.

Секоја федерална држава самостојно ги уредува деталите за карантинот и може да ги заостри мерките, предупредува Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Во Германија вакцинација во верски објекти, во спортски сали и во јавниот превоз

ВИДЕО: Голем протест во Берлин против антиковид мерките

Скандал во Германија: Речиси 9.000 лица наместо вакцина примиле физиолошки раствор

Вознемирувачки снимки на полициската бруталност во Берлин-ја фаќа за врат, па на земја

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Протести против ковид мерките и во Берлин, демонстрантите се судрија со полицијата

Делта-сојот стана доминантен во Германија и во Белгија

Катерина Павлова-Николовска