Германија ги менува правилата на границите и воведува нова корона карта

Од:

Од денеска сите кои од странство пристигнуваат во Германија мора да достават негативен тест за коронавирус, документ дека биле заразени со коронавирус или дека се вакцинирани.

Мерката не се однесува на деца под 12-годишна возраст.

Исто така, од денеска, Германија ќе ги категоризира земјите само во две зони: „зони со висок ризик“ и „зони со вирусни варијации“.

По пристигнувањето од „области со висок ризик“, граѓаните кои не се вакцинирани или претходно немале коронавирус, подлежат на 10-дневен карантин.

По пристигнувањето од „зони со вирусни варијации“ ќе мора да минат во задолжителен 14-дневен карантин.

Секоја федерална држава самостојно ги уредува деталите за карантинот и може да ги заостри мерките, предупредува Министерството за надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид

Германија ги укинува антиковид мерките и покрај рекордниот број заразени минатата седмица