Без оглед на економската криза, секој Германец оваа година во просек за божиќните подароци ќе издвои 230 евра, што е за 17 евра повеќе од минатата година, покажуваат резултатите на агенцијата „Ернст енд Јанг“.
Најштедливи ќе бидат потрошувачите на возраст од 36 до 45 години, кои ќе издвојат 11 евра помалку отколку минатата година, што и не е изненадување, бидејќи тие се први на удар на забавувањето на економскиот раст.
За купување најрасположени ќе бидат граѓаните на возраст од 45 до 60 години, како и паровите без деца.
При купувањето на подароци Германците особено внимание обраќаат на квалитетот на производите, а ги земаат предвид и советите на продавачите, се наведува во истражувањето.