Најновото истражување во Германија покажа широко одобрување на Германците на политиката на канцеларот Ангела Меркел во однос на управувањето со кризата во Кипар, по потпишувањето на спасувачката спогодба, пренесоа американските медиуми.
Истражувањето покажа висока лична популарност на Меркел пред изборите во септември.
Цврстото справување на Меркел со должничката криза одамна е популарно меѓу Германците во земјата, иако членови на нејзината десноцентристичка коалиција изразуваат загриженост во врска со спасувањето на земјите од еврозоната, западните во криза, а многумина во овие држави негодуваат против условите што им се поставени.
Според истражувањето направено меѓу 1002 лица, во вторникот и средата, а по нарачка на телевизијата А Ер Де, 65 проценти од Германците се согласуваат дека Меркел „правилно и решително постапувала во кризата со еврото”.
Педесет проценти од испитаниците сметаат дека е правилно инвеститорите и вложувачите во Кипар да учествуваат во спасот на земјата од банкрот.