Германците добија 1.200 нови зборови поради пандемијата на Ковид-19

Од:

Лингвистите во Германија собраа околу 1.200 нови зборови што се појавија за време на пандемијата на коронавирус, а списокот го состави Институтот Лајбниц за германски јазик.

Меѓу новите зборови се „коронамиде“ (уморен од ковид) и „коронафризур“ (корона фризура), објави „Гардијан“.

Исто така, постојат зборови што ја опишуваат нечија состојба, како што се „оверзумед (под стрес поради многу зум повици), „коронангст“ (кога имате анксиозност поради вирусот) и „импфнајд“ (завидлив на оние кои веќе се вакцинирани).

Постојат и чудни зборови, додава Гардијан, како што е Кушелконтакт (кога можете да изберете една личност надвор од вашето домаќинство со која можете да бидете физички блиски) и абштандзбир (да пиете пиво на далечина) односно кога пиете пиво со пријателите на далечина .

Германците го усвоија и британскиот збор ковидиот, а го имаат и маскентротел (маска-идиот), за лице кое носи маска под носот.

Би можело да ве интересира

Летово во Германија ќе може да се патува без тест и без потврда за вакцинација против Ковид-19

Германскиот Уставен суд ја одобри задолжителната вакцинација на здравствените работници

Германија првпат по седум месеци нема смртен случај од Ковид-19

Во Германија завршува рокот на употреба на над 10 милиони дози вакцини против коронавирус

Германец примил 87 вакцини против ковид

Германија ги укинува антиковид мерките и покрај рекордниот број заразени минатата седмица