Генералот Салами од Иранската републиканска гарда со предупредување до демонстрантите: Денеска е последен ден од немирите

Од:

Командантот на моќната иранска Револуционерна гарда, Хосеин Салами, ги предупреди демонстрантите дека денешниот ден ќе биде нивниот последен на улиците низ иранските градови.

-Не излегувајте на улица! Денеска е последен ден на немирите, предупреди моќниот генерал.

Големите протести во Иран траат од смртта на 22-годишната Курдка, Махса Амини, која на 16 септември почина во затворот на морална полиција во Техеран.

Протестите се претворија во народно востание на гневните Иранци од сите сфери на општествениот живот и претставуваат еден од најтешките предизвици за клерикалното раководство од Исламската револуција во 1979 година.

Групите за човекови права соопштија дека во досегашните протести се убиени најмалку 250 демонстранти, а илјадници други се уапсени низ цел Иран.

Вчера објавени видеа на социјалните мрежи покажуваат демонстранти кои повикуваат на смрт на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи и укинување на милицијата Басиџ, која одигра важна улога во репресијата врз демонстрантите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он