Генералниот секретар на Арапска лига загрижен за ситуацијата во Сирија

Од:

Генералниот секретар на Арапска лига, Ахмед Абул-Геит изрази жалење и загриженост поради последните случувања во Сирија, по нападот на САД, Франција и Велика Британија.

Абул-Геит изјави дека сите страни вклучени во кризата, а пред се сириската Влада, одговорни се за влошување на ситуацијата.

Тој додаде дека не би требало да се толерира и да се прифаќа употреба на хемиско оружје врз цивили.

– Решавањето на ситуацијата во Сирија подразбира одржлив политички договор, наведе Абул-Геит во саудискиот град Дамама, каде утре ќе се одржи состанок на Арапската лига.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад