Командантот на американските сили во Авганистан Џон Ален е ослободен од обвиненијата за недолично однесување, во рамките на истрагата на Пентагон за размена на електронска пошта со жена, поврзана со секс скандалот што го принуди директорот на ЦИА Дејвид Петреус да поднесе оставка.
Командант Ален од сите обвиненија е ослободен од генералниот директор на Пентагон.
Ален, од ноември минатата година беше под истрага поради електронска пошта што ја разменувал со една жена од Флорида. Командантот цело време ги отфрлаше обвиненијата.
Врз основа на оваа одлука тој најверојатно во идниот период ќе биде поставен за командант на НАТО силите во Европа, функција што требаше да ја преземе на почетокот на годината.