Генерал Демпси: Обама размислува за интервенција во Сирија

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама размислува за употреба на воена сила во Сирија, изјави началникот на Генералштабот на Војската на САД, генерал Мартин Демпси.

Тој во сведочењето пред Одборот за безбедност на Сенатот, истакна дека Обама ги разгледал сите можни опции при евентуална употреба на сила. Генерал Демпси, но не наведе кои опции биле разгледувани.

– Дали јас ги поддржувам директните воздушни напади не е прашање за воените лидери, туку за нашите избрани претставници, посочи генерал Демпси.

Тој потврди и дека ситуацијата во Сирија е променета и оти силите на претседателот Башар ал Асад сега се во офанзива.

Адмиралот на американската морнарица Џејмс Вајнфелд наведе дека армијата е подготвена да дејствува ако биде повикана.

Дел од сенаторите вршат притисок врз Обама да интервенира во Сирија, но претседателот досега е прилично внимателен за тоа прашање. Администрацијата во Вашингтон стравува дека ако почне да ги вооружува бунтовниците, голем дел од оружјето би завршило кај луѓето блиски до Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски