Гебрејесус: Во Газа на секои 10 минути се убива по едно дете

Од:

Во Појасот Газа во просек на секои 10 минути се убива по едно дете, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Тој посочи дека половина од 36-те болници во Газа и две третини од примарните здравствени центри не функционираат, наведувајќи дека здравствениот систем во палестинската енклава „е на колена“.

– Болничките ходници се преполни со повредени, болни, луѓе на умирање. Мртовечниците се полни. Операциите се изведуваат без анестезија. Десетици илјади раселени луѓе се засолнуваат во болниците – рече Тедрос.

Според него, од 7 октомври СЗО верификувала повеќе од 250 напади врз здравствени установи во Газа и на Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Грифитс: Програмата за помош на ОН во Газа повеќе не функционира

Газа: Стотици израелски тенковски гранати го погодија бегалскиот камп Џабалија

Министерство за здравство во Газа: За 24 часа загинаа 350 луѓе, 900 се ранети

Гутереш го искористи специјално овластување – бара Советот за безбедност на ОН да побара итен прекин на огнот во Газа

Убиен е син на израелски министер

ИДФ: Го најдовме Синвар, целта ни е да го убиеме