Гебрејесус: Во Газа на секои 10 минути се убива по едно дете

Од:

Во Појасот Газа во просек на секои 10 минути се убива по едно дете, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на седницата на Советот за безбедност на ОН.

Тој посочи дека половина од 36-те болници во Газа и две третини од примарните здравствени центри не функционираат, наведувајќи дека здравствениот систем во палестинската енклава „е на колена“.

– Болничките ходници се преполни со повредени, болни, луѓе на умирање. Мртовечниците се полни. Операциите се изведуваат без анестезија. Десетици илјади раселени луѓе се засолнуваат во болниците – рече Тедрос.

Според него, од 7 октомври СЗО верификувала повеќе од 250 напади врз здравствени установи во Газа и на Западниот Брег.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад