Газа: Најмалку 11 лица загинаа во Рафах за време на израелските воздушни напади

Од:

Најмалку 11 лица загинаа, а неколку други се повредени за време на ноќните воздушни напади на израелските сили врз Појасот Газа во јужниот град Рафах.

Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени во израелски напади врз куќи на две семејства во областа на улицата Ал Сика, источно од Џабалија во северниот дел на Газа, јавува палестинската агенција Вафа.

Министерството за здравство на Газа соопшти дека четворица пациенти починале во болницата Насер во Кан Јунис, бидејќи снабдувањето со електрична енергија на објектот било прекинато за време на вчерашниот израелски упад, а снабдувањето со кислород било ограничено.

Вафа наведува дека здравствената установа е во критична состојба поради недостиг на медицински ресурси.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа