Газа: Бебе е спасено од стомакот на трудница убиена во израелски напад

Од:

Лекарите во болницата Авда во бегалскиот камп Нусајрат во Појасот Газа спасиле бебе од стомакот на Палестинка убиена во напад на израелската армија, која била во деветтиот месец од бременоста, јави турската новинска агенција Анадолу.

Според извештаите, палестинска трудница била донесена мртва во болница, а лекарите успеале да направат операција и да го спасат бебето.

Благодарение на огромните напори на медицинскиот тим и лекарите, бебето е родено со царски рез, по што е префрлено во болницата Акса и е сместено во инкубатор.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад