Гардијан: Трамп и Меланија позитивни на коронавирус, што е извесно и што не знаеме?

Од:

Британски „Гардијан“ објави се што досега е познато по информацијата дека американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија се позитивни на коронавирусот.

Што знаеме?

Трамп и неговата сопруга се заразени со коронавирусот. Информацијата дојде откако стана јасно дека Хоуп Хикс, висока советничка на шефот на државата, во четвртокот била тестирана позитивна на вирусот. Американскиот лидер ја објави веста на Твитер.

Хикс леташе со претседателот со Ер-Форс-Уан во средата наутро и го придружуваше на првата претседателска дебата против Џо Бајден во Кливленд, Охајо, во вторникот.

Американскиот претседател во четвртокот вечерта за „Фокс њуз“ потврди дека тој и Меланија ги чекаат резултатите од тестовите за коронавирус по позитивниот тест на Хикс.

Лекарот на шефот на државата потврди дека претседателот и првата дама „ќе останат во Белата куќа во карантин“. Колку долго ќе бидат ставени во карантин, ќе зависи од нивното здравје. Дури и ако Трамп има негативен тест за коронавирус во следните 14 дена, тој скоро нема да може да присуствува на митинзите на изборите во три клучни држави – Висконсин, Флорида и Аризона – како и на следната претседателска дебата, која е закажана за 15 октомври.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД препорачуваат луѓето со позитивен примерок да ги известат сите со кои биле во контакт.

Ако Трамп е многу болен и не е во состојба да ја води земјата, потпретседателот Мајк Пенс ќе го замени него. Доколку Пенс е исто така неспособен, веројатно ќе го преземе спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Хикс не е единствениот службеник во Белата куќа кој е заразен со коронавирус. Кети Милер, портпарол на потпретседателот, која е во брак со советникот на Трамп, Стивен Милер, се опорави од Ковид-19. Во мај, еден од личните возачи на Трамп беше позитивен на тестот.

Што не знаеме?

Дали е заразен Пенс? Здравствениот аналитичар на Си-Ен-Ен, Џонатан Рејнор коментира дека Ненси Пелоси треба да биде изолирана, бидејќи е можно Трамп и Пенс да се разболат сериозно, што значи дека таа ќе мора да ја преземе функцијата. Не е јасно кои правила ќе се применуваат во таков случај.

Во мај, Вашингтон пост го постави прашањето и одговори дека според правилата на законот од 1947 година, претседателот на Претставничкиот дом и привремениот претседател на американскиот Сенат, во овој случај Чак Грасли, биле по претседателот и потпретседателот на САД. По нив следуваат членови на кабинетот, а првиот е државниот секретар.

Нејасно е Трамп, Меланија и Хикс од кога се заразени и со кои претставници на Белата куќа биле во контакт.

Според Светската здравствена организација, потребни се просечно пет или шест дена пред да се појават симптомите, но може да потрае и до 14 дена. Се чини дека Хикс се заразила во средата.

Би можело да ве интересира

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“