„Гандул“: Романија за 9 години платила 1,6 милијарди евра за 52 километри автопат

Од:

Романските власти платиле 1,6 милијарди евра за изградба на 52 километри автопат, пишува романскиот весник „Гандул“.

Весникот денеска објави текст со наслов „Фотографија на еден стратегиски грабеж“ во кој се наведува дека за девет години Романците платиле 1,6 милијарди евра за изградба на 52 километри автопат на американската компанија Бехтел.

Автопатот „Трансилванија“ што треба да ги поврзе градовите Брашов во централниот дел на земјата со градот Борш на границата со Унгарија е амбициозен проект за изградба на 415 километри автопат, потпишан од владата на Социјалдемократската партија предводена од Адријан Настасе во 2003 година, што се претвори во црна дупка од која властите во изминатите две години се мачат да се ослободат, тврди весникот.

Од договорот потпишан меѓу Романија и американската компанија Бехтел пред девет години, досега се изградени само 52 километри автопат, што романската држава ја чини околу 1,6 милијарди евра. На овој начин Романија постигна рекорд успевајќи да потроши речиси 30 милиони евра за изградба на еден километар автопат, во услови кога нормалната цена за километар автопат се движи межи 3,8 и 6 милиони евра според теренот, наведува романскиот весник.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Романија

Земјотрес во текот на ноќта ја погоди Романија

Горан Наумовски

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Романците пред нов историски „референдум“