Ганц: Израел би можел во наредните години да изврши напади врз иранските нуклеарни капацитети

Од:

Израел наредните две или три години може да нападне ирански нуклеарни капацитети, изјави министерот за одбрана, Бенјамин Ганц.

Невообичаено отворената изјава на израелскиот министер за одбрана доаѓа во време кога се водат тешки преговори за заживување на нуклеарниот договор, а додека иранските власти продолжуваат со процесот на збогатување ураниум, што покрај за цивилна употреба потенцијално може да се користи и за нуклеарно оружје.

„За две или три години, можеби ќе летате на исток и ќе учествувате во напади на нуклеарни локации во Иран“, рече Ганц во обраќањето пред новодипломираните воени пилоти.

Повеќе од една деценија Израел упатуваше прикриени закани дека ќе изврши напади врз нуклеарните постројки на Исламската Република доколку меѓународните дипломатски разговори со Техеран не дадат резултати.

Предвидувањата на израелското разузнавање за 2023 година се дека Иран „ќе продолжи со бавен напредок“ кога станува збор за нукеларната технологија.

„Иран ќе ја промени својата политика само ако бидат воведени строги санкции, но тогаш може да реши да го забрза збогатувањето ураниум токму за воена употреба“, се наведува во извештајот на разузувањето чија автентичност ја потврди и портпарол на израелската армија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

ВИДЕО: Израел пукал на позиции на мировниците на ОН во Либан, двајца повредени

ВИДЕО: Израел тврди дека е убиен лидерот на Исламски Џихад во напад на Западниот брег

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје