„Галуп“: Околу 77 отсто од Американците не им веруваат на медиумите

Од:

Последните резултати од истражувањето на агенцијата Галуп покажуваат дека само 23 отсто од граѓаните на САД им веруваат на вестите кои ги гледаат на телевизија или ќе ги прочитаат во весниците.

Имено, помалку од една четвртина, односно 23 отсто, од испитаниците во САД одговриле дека имаат голема или значајна доверба во весниците и телевизијата.

Меѓутоа, медиумите меѓу Американците се уште се многу попопуларни од големите стопански корпорации, синдикатите, па дури и Конгресот.

Според истражувањето на Галуп, довербата на американските граѓани во медиумите е во постојан пад во изминатите 40 години, откако е започнато мерењето на популарноста на јавниет гласила во јавноста во САД.

Довербата во медиумите меѓу Американците била на највисоко ниво во 1979 година, кога 51 отсто од граѓаните на САД им верувале на вестите кои ги читаат во весниците. Најмала доверба од само 22 проценти е забележана во 2008 година.

Резултатите од истражувањето на Галуп покажале дека Американците најмногу и веруваат на војската (76 отсто). Веднаш по неа следуваат малите и средните претпријатија, полицијата, црквата, претседателството и здравствениот систем.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа