Гајдај: Русите го контролираат поголемиот дел од Севернодоњецк

Од:

Гувернерот на Луганската област, Серхиј Гајдаи, денеска изјави дека руските сили во моментов го контролираат поголемиот дел од Северодоњецк, град во источна Украина, но дека градот не успеале да го опколат.

Британските медиуми го цитираат Гајдај во изјавата дека испораката на хуманитарна помош и евакуацијата на луѓето во моментов е невозможна поради руското гранатирање на градот.

Во воздушен напад на руските сили погоден е и резервоар со азотна киселина, по што Гајдај на Телеграм апелираше до локалното население да не ги напушта засолништата поради опасност од отровни испарувања од резервоарот.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион