Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел не се согласува со плановите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој бара зголемување на воените трошоци во земјите членки на НАТО и партнери на САД.
Според шефот на германската дипломатија Габриел, кој од завчера на челното место на германските социјалдемократи е заменет од Мартин Шулц, за поголема безбедност не е доволна само моќна воена сила.
„Сеопфатна безбедносна политика не се состои само од купување тенкови, налудничаво зголемување на трошоците за потребите на одбраната или вжештување на трката во вооружувањето. Разумна безбедносна политика значи превенција, стабилизација на слабите држави, економски развој и битка против гладот, климатските промени и пристап до вода за пиење“, изјавил Габриел за понеделничкото издание на весникот „Рајн Некар Цајтунг“.
Пораките на Габриел до Трамп се случуваат по средбата на американскиот претседател канцеларката Меркел во Вашингтон.
Во неколку наврати предходно Габриел остро го критикуваше Трамп нарекувајќи го „зачетник на новото авторитарно и шовинистичко движење“ и „закана за меѓународниот поредок“.