Состојбата во Јемен е најверојатно најтешката хуманитарна катастрофа што се случува сега во светот, потешка и од страдањата на Рохинџите, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.
Тој смета дека состојбата во Јемен и подраматична од состојбата на Рохинџите, чии прогон прогон предизвика глобално медиумски внимание.
– Како да се овозможи пристап на хуманитарната помош за луѓето вовлечени во војната која од една страна ја поддржува Саудиска Арабија, а од друга Иран, е тема за Европската унија која мора да ја реши, истакна германскиот шеф на дипломатијата.