Габриел ги критикуваше позициите на САД за неколку меѓународни проблеми

Од:

Меѓународната заедница се исправи пред сериозни пречки во борбата со климатските промени, откако групата на седумтте индустриски најразвиени земји во светот (Г-7) на самитот во Таормина не успеа да постигне консензус по тоа прашање поради позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави на денешната прес-конференција во Берлин германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел.

ТАСС потсетува дека по средбата на Г-7 Трамп напиша на неговиот Твитер налог, дека ќе донесе одлука за учество на Вашингтон во Парискиот договор за климатски промени во текот на оваа недела.

Во завршната декларација од Таормина се наведува дека лидерите на шест земји од Г-7 го признаваат недостигот на консензус со САД за климатските проблеми.

Габриел исто така посочи дека придонесот на САД во меѓународните напори за надминување на причините за миграцијата најверојатно ќе биде незначителен.

– Ние треба да разгледаме што можат да направат Германија и Европа за да го компензираат отсуството на САД како важна земја, бидејќи ни се налага дека поаѓаме од тоа дека придонесот на САД во надминувањето на причините за миграцијата нема да биде значителен, нагласи Габриел.

Германскиот министер за надворешни работи го критикуваше дооворот меѓу САД и Саудиска Арабија за доставување на оружје во Ријад, истакнувајќи дека тоа не помага за намалувањето на тензиите во регионот.

– Тоа што САД склучи со Саудиска Арабија гигантски воен договор, покажува по колку погрешен пат се движиме, бидејќи ако во тој регион има нешто што е доволно, тоа е оружје, истакна Габриел.

Според него, во светот „се потребни нови иницијативи за разоружување и контрола над вооружувањето“.

– Забраната за влез на муслимани во САД очигледно не е добра идеја, што се однесува на напорите за помирување меѓу религиите, забележа Габриел.

Германскиот прв дипломат објасни дека дејствијата на Трамп го „ослабнале“ Западот, нагласувајќи дека „американската политика и противречи на интересите на Европската унија“.

– САД смета дека налагањето на национални интереси е поважно од меѓународниот ред. Кратковидната политика на американската Влада противречи на интересите на ЕУ, потенцираше германскиот министер за надворешни работи.

– Кога еден претседател посетува една земја, каде правата на човекот се нарушуваат и не кажува ниту еден збор по тоа прашање, а потпишува договор за оружје, и кога тој се сомнева во фактот дека други луѓе страдаат и дури и умираат поради климатските промени, тогаш мислам дека Западот станал помал или послаб, наведе Габриел, коментирајќи го договорот за оружје со Саудиска Арабија и позицијата на Трамп по прашањето за климатските промени.

– Западот е идеја за универзални вредности, еден меѓународен ред, во кој луѓето се убедени дека тој меѓународен ред е поважен од севкупноста од нашите сопствени национални интереси, изјави Габриел и изрази жалење дека САД ја изневеруваат улогата на голема нација.

– Тоа за жал е сигнал за промена на соодносот на силите во светот. Европа добива нова улога, истакна Габриел.

Имено, тој веројатно ја поддржува тезата на германската канцеларка Ангела Меркел, според која Европејците треба да ја преземат судбината во „свои раце“.

Би можело да ве интересира

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа