Г-77: Да се искорени сиромаштијата до 2030 година

Од:

Самитот на Групата 77 и Кина вчера заврши во боливискиот град Санта Круз со повик на учесниците за искоренување на сиромаштијата до 2030 година и предлогот на боливискиот претседател Ево Моралес да се укине Советот за безбедност на ОН.

Договорот кој го постигнаа 133-те членки на Групата 77 подразбира и цели за одржлив развој и национален суверенитет над природните ресурси.

– Искоренувањето на сиромаштијата е најголем проблем со кој се соочува светот, а тоа е потребно за одржлив развој. Тоа мора да остане главна цел и придвижувачка сила на агендата по 205 година, се наведува во соопштението по состанокот и се додава дека „сиромаштијата го нарушува човечкото достоинство“.

Моралес, кој е актуелен претседател на Г-77, порача дека треба да се „елиминираат светските хиерархии“ и повика за укинување на СБ на ОН.

– Советот за безбедност на ОН треба да се елеминира бидејќи поттикнува војни и инвазии од страна на империјалистичките сили, со цел да ги присвојат природните богатства на нападнатите држави, истакна Моралес.

Боливија во завршната декларација од средбата успеа да вметне и дека жвакањето на листот на коката е дел од културното наследство на предците.

Веднаш по доаѓањето на власт во 2006 година, Моралес започна меѓународна дипломатска офанзива за легализација на одгледувањето и употребата на коката. Владата на Моралес бара ова растение да биде исклучено од списокот со наркотични растенија на ОН. Според новиот боливиски Устав од 2009 година, листот на коката е признат за дел од културата на земјата.

На собирот, со кој се одбележува 50-годишнина од основање на Г-77, учествуваа 30 шефови на влади и претставници на повеќе од 100 земји во развој, како и од Кина, што сочинува околу две третини од земјите во светот, со цел да се заложат за поправеден светски поредок.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он