Британскиот пар Киран (25) и Мунтзаир Јунис (28) од Бирминген фрлиле паричка кој од нив двајца да даде бубрег за болниот син Адам (3), што била едниствената надеж да остане жив.
Имано и двајцата родители биле идеални донатори за органот, но не можеле да се договорат кој од нив ќе го направи тој голем чекор.
Момчето е родено со ретко пореметување во работата на бубрезите, поради што имало повеќе течности соберено во организмот.
Кога имал девет месеци, лекарите морале да му го извадат левиот бубрег, а откако му откажал и десниот, единствената надеж да остане жив била само трансплантацијата.
-Пред самата операција стоевме пред болницата и не знаевме што да одлучиме. Двајцата силно сакавме да го направиме тоа за детето. Тогаш мојата тетка ни даде идеа да фрлиме паричка, што и направивме. Се молев на Господ јас да бидам – изјави мајката.
Меѓутоа паричката „го избрала“ таткото. Иако била раазочарана што таа не му го спасила животот на син и, Киран е среќна бидејќи по операцијата момчето е живо и здраво.
Елена Георгиевска