Поранешниот шеф на италијанската дипломатија, Франко Фратини е новиот кандидат за генерален секретар на НАТО, дознава италијанскиот весник „Република“.
Фратини би требало да го замени сегашниот лидер на НАТО, Андерс Фог Расмусен, чиј мандат истекува во јули 2013 година.
Фратини е досега единствениот кандидат, ја има поддршката од премиерот Марио Монти, а Италија води во трката да успее да ја води Атлантската алијанса.
Според весникот, не се исклучува можноста и дека мандатот на Расмусен ќе биде продолжен за уште една година.
Доколку Фратини ја добие поддршката од сојузниците, Италијанец ќе ја извршува оваа функција по 41 година пауза.
Последниот генерален секретар од Италија беше Манлио Брозио, од 1964 година до 1971 година.