Франсоа Оланд ќе има месечна пензија од 15.000 евра

Од:

Актуелниот претседател на Франција, Франсоа Оланд в недела на 14 мај ќе му ја предаде функцијата на новоизбраниот шеф на државата Емануел Макрон, по што заминува во пензија, па една од темите на француските медиуми е колкави ќе бидат неговите месечни примања како пензионер, јави дописникот на МИА од Париз.

Според податоците што од Елисејската палата му се доставени на пратеникот од владејачката Социјалистичката партија и експерт за јавни финансии, Рене Досиер, претседателот во заминување ќе добива нето месечна пензија од 15 000 евра, која е добиена со акумилација на различните пензии кои му се следуваат.

Како поранешен претседател на Републиката, Оланд ќе има пензија од 5.184 евра, како поранешен пратеник од 6.208 евра, како поранешен советник во Ревизорскиот суд уште 3.473 евра и како претседател на Департмаскиот совет на Корез допленителни 235 евра.

Доколку прифати да биде член на Уставниот совет, Оланд ќе заработува месечно уште по 14.000 евра.

Покрај ова, Оланд ќе добие и опремениот стан со послуга од два члена, што им се следува на сите живи претседатели, како и возило со два возачи, постојана полициска заштита од двајца полицајци и седум соработници.

Овие привилегии на Оланд се времени, бидејќи согласно реформите што тој ги иницираше во октомври 2016 за намалување на средствата кои им се даваат на поранешните шефови на државата, по петтата година од заминувањето од Елисејската палата, бројот на неговите соработници од седум ќе се намали на три и на послугата од двајца на еден и повеќе нема да има бесплатен и неограничен превоз со државната железница.

Во моментов Франција има тројца живи поранешни претседатели – Валери Жискар Д’Естен, Жак Ширак и Никола Саркози.

Според Досиер, Жискар Д’Естен годишно ја чини француската држава 3,9 милиони евра, Саркози 3,3 милиони, а Ширак 2,4 милиони. Кон овие суми не се вклучени нивните претседателски пензии, ниту пак надоместокот за членството во Уставниот совет, кој го добива Жискар Д’Естен, кој единствен од поранешните претседатели прифати да биде член на ова тело.

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години