Французите се борат за правата на пушачите

Од:

Француските пушачи оформија лоби група со цел да ги одбранат своите права од како што велат неправедните ограничувања наметнати од државата.

Сојузот за правата на возрасните пушачи наведува дека 12,5 милиони потенцијални избирачи имаат намера да се борат против ширење на зоните во кои пушењето е забрането, како и против најавеното поскапување на цигарите.

„Сакаме да ја одбраниме нашата слобода“, истакна претседателот на здружението Натали Масерсон за Франс Прес и додава, „Забрането ни е да бидеме на терасите на кафулињата, сакаат да ни забранат да одиме во парк со децата, а дури се зборува дека забрането ќе биде да се пуши и додека се вози автомобил“.

Здружението се надева дека ќе го привлече вниманието на политичарите, пред парламентарните избори во Франција.

Масерсон исто така тврди дека трошоците кои настануваат поради опасностите од пушењето, се двојно помали од сумата која државата ја заработува преку давачките за цигарите.

Би можело да ве интересира

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција