Француските железничари излегуваат на штрајк за поголеми плати

Од:

Во Париз денеска речиси и ќе нема сообраќај во метрото поради штрајк на синдикатот на железничарите, со мали прекини на работата во другите дејности.

Во француската престолнина во функција ќе бидат само две автоматизирани метро линии, односно линии на метрото без возач.

Ситуацијата нема да биде подобра ни во мрежата на приградски возови.

Што се однесува до железницата низ цела Франција, штрајкот ќе биде од помал обем, па затоа ќе сообраќаат линиите на брзиот воз (ТГВ) како и регионалните линии.

Градската железница во Париз од поодамна свика на штрајк барајќи повисоки плати и подобри услови за работа.

Во текот на денот се очекуваат повеќе протести во Франција, а во Париз протестниот собир е закажан за попладне.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата