Француските елитните полициски сили се распоредуваат во близината на Виле-Котере, на северо-истокот од Париз, јавува дописникот на МИА од француската престолнина.
Двете лица, браќата Шериф и Саид Куачи биле забележани во близината на ова место, каде е пронајден нивниот напуштен автомобил користен во бегството.
„Елитните единици на жандармеријата ГИГН и на полицијата РАИД се позиционирани за да ја проверат целта во таа зона“ – објасни полициски извор.
Полицијата во Париз и парискиот регион е ставена на ниво на максимална подготвеност и е повикана да биде претпазлива, откако двајцата терористи беа забележани на северо-истокот од Париз, вооружени и на патот Н2 кој води кон Париз.
Тие претходно ограбиле една бензиска станица, при што сопственикот ги препознал и потврдил дека биле вооружени со автоматски пушки и рачен фрлач