Францускиот министер за внатрешни работи Бруно ле Ру ги ангажирал своите две ќерки како парламентарни соработнички за време на одморите додека тие биле гимназијалки односно студентки, јавија француски медиуми.
Социјалистот Леру призна дека ги ангажирал малолетните ќерки за соработнички за време на одморите особено летните, додека бил член на Националното собрание, долен дом на францускиот парламент. Двете ќерки имале соодветно 14 и 10 трудови од договор вреден околу 55.000 евра за периодот 2009-2016 година.
Леру тврди дека ќерките како парламентарни соработнички со тоа добиле „добра школа за нив“. Францускиот премиер Бернар Казенев денеска ќе има средба со Леру заради неговите постапки.