Француски џихадист убиен при напад во Сирија

Од:

Францускиот џихадист Фабиан Клен вчера е убиен при напад на меѓународната коалиција во Сирија. Тој ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз од 13 ноември 2015 година, јави дописникот на МИА.

Според француските медиуми, Клен, во нападот на беспилотното летало тешко бил повреден и неговиот брат Жан-Мишел. Но, засега нема официјална потврда за тоа.

Нападот се случил во Багхуз, последното упориште на Исламска држава во Сирија.

Француската Влада соопшти дека ги чека резултатите од ДНК анализата за да ја потврди веста за смртта на Клен. Гласовите на браќата Клем беа препознаени на аудио снимка емитувана по терористичките напади во Париз во 2015 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија