Шестмина истакнати лидери на француската конзервативна партија Републиканци (ЛР) се обратија официјално до јавниот обвинител на Париз и до Јавното финансиско обвинителство, со барање да отворат истрага за „прекршоците“ извршени од страна на извршната власт.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, ваквата иницијатива следи откако во прродажба се појави книгата „Добре дојдовте на плоштадот Бово“ (седиштето на француското Министертсво за внатрешни работи).
– Читањето (на книгата) открива дека се извршени голем број на дела со посебна тежина, што може да добијат кривични квалификации, се вели во писмо објавено во весникот „Фигаро“, под кое се потпишани лидерите на пратеничките групи на ЛР во Сенатот и Националното собрани, Бруно Ретајо, и Кристиан Јакоб, претседателка на регионот Ил де е Франс, Валери Пекрес, портпаролот на претседателскиот кандидат на ЛР, Франсоа Фијон, Лук Шател, сенаторот Филип Ба и пратениќчката Натали Косиуско-Моризе.
Тие бараат од обвинителствата да спроведат истрага за непочитувањето на некои процедури за што како доказ наведуваат листа од 17 утврдени наводни прекшроци, наведени во книгата на „Добре дојдовте на плоштадот Бово“ на авторите Оливија Рекасан, Дидие Хасу и Кристоф Лабе.
Станува збор за сомнежи поврзани со корупција, влијаење при донесување одлуки, мешање во приватниот живот, па дури и злоупотреба на власта.
Претседателскиот кандидат на десницата Фијон во четвртокот изјави дека бил „инспириран од извадоци од книгата“ за да го обвини француксиот претседатек Франсоа Оланд дека има „кабинет во сенка“, кој работи на откривање на афери, меѓу кои и онаа што го следи него од февруари годинава за фиктивни вработување на членови на неговото семејство во државна служба.
Фијон во текот на викендот најави дека ќе бара отворање на истрага за ваквите сомнежи.
Обвинувањата од страна на приврзаниците на Фијон упатени кон Оланд, според повеќе француски аналитичари, претставуваат обид на Републиканците да го свртат вниманието од аферите на нивниот претседателски кандидат, кој според сите испитувања на јавното мислење најверојатно ќе биде елминиран од трката за претседател уште во првиот круг на изборите.