Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус утрово изјави дека досега не е донесено решение дали да се изврши воена интервенција како одговор на нападот со хемиско оружје во Сирија, но предупреди дека сите опции се отворени.
– Решение не е донесено. Треба да има пропорционална реакција, но тоа ќе биде одлучено во следните денови, истакна Фабиус.
Шефот на француската дипломатија нагласи дека се разгледуваат сите опции, а „единствената која не се наоѓа на масата е да не се прави ништо“.