Франција нуди ресурси за поддршка на истрагата на маскрот во Украина

Од:

Франција ќе понуди финансиски и човечки ресурси за поддршка на истрагите за масакрите што им се припишуваат на руските сили во Украина, соопшти Елисејската палата по разговорите меѓу претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски.

Макрон истакнал дека неговата земја е подготвена да ја поддржи „меѓународната правда и да придонесе во истражувањето и документирањето на насилството врз цивилите, како и за одговорноста на Русија“.

Париз финансиски ќе ја поддржи работата на на Меѓународниот кривичен суд со дополнителни 490 илјади евра, како и 13 милиони евра годишно, се вели во соопштението од Кабинетот на Макрон.

Франција, исто така, се понудила да испрати „технички тим во Украина за да ги испита доказите за извршените злосторства“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Двајца загинати во рускиот напад на Суми, соопшти Зеленски

А1он

Во 13 украински региони дојави за наводни мини во државните институции

А1он

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина