Франција подготви предлог-резолуција на Советот за безбедност на Обединети нации за распоредување на меѓународни набљудувачи во Алепо со цел мониторинг и координација на евакуацијата на луѓето од источниот дел на градот, изјави постојаниот француски претставник во ОН, Франсоа Долатр.
Тој не ја исклучува можноста уште денеска предлог-резолуцијата да биде поднесена за гласање пред СБ на ОН.
Долатр наведе дека предлогот е заснован на предлозите од Париз и Берлин, цо соработка со другите земји-членки на Европска унија. Предлог-резолуцијата предвидува „безбедна евакуација на луѓето под надзор и контрола на меѓународни набљудувачи, како и пристап на хуманитарните организации до источниот дел на Алепо без условување, како и гарантирање на безбедноста на болниците.
На инсистирање на Франција, заменик-генералниот секретар на ОН за хумантарна помош Стивен О’Брајан во текот на денот ќе го информира СБ за операцијата за евакуација на илјадниците цивили и бунтовници од Алепо.