Франција ја заплени суперјахтата на шефот на руската државна нафтена компанија

Од:

Франција ја заплени суперјахтата за која тврди дека е поврзана со рускиот олигарх Игор Сечин. Информацијата ја потврди францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

„Благодарам на француските цариници кои спроведуваат европски санкции против луѓе блиски до руската влада“, напиша Ле Мер на Твитер заедно со соопштението за јавноста.

Во соопштението се наведува дека француските власти вчера ја заплениле суперјахтата Аморе Вело, по проверката што траела неколку часа. Суперјахта долга 85 метри е запленета на југот на Франција во близина на градот Ла Чиотато.

Игор Сечин е директор на руската нафтена компанија во државна сопственост на Роснефт. Тој е еден од олигарсите на Путин против кого ЕУ неодамна воведе санкции.

Би можело да ве интересира

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски

Песков: Постои само техничко ниво на комуникација меѓу Русија и Америка

Горан Наумовски

Патрушев: Украина ќе престане да постои