Франција ја стопираше доставката на првиот воен брод „Мистрал“ за Русија

Од:

Во моментов нема поволни услови за доставка на првиот носач на хеликоптери „Мистрал“, планирана за октомври, од Франција за Русија, соопшти кабинетот на францускиот претседател, Франсоа Оланд, спомнувајќи ја како причина кризата во Украина.

– И покрај најавите за прекин на огнот, кои треба да бидат потврдени и реализирани, засега нема такви услови, се наведува во соопштението, објавено еден ден пред самитот на НАТО во Велс.

Кабинетот на францускиот претседател ги означи борбите во Украина како тешки и нагласи дека изминатите активности на Русија во источна Украина ги поткопуваат основите на безбедноста во Европа.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми