Франција ја крши Европската социјална повелба која забранува телесно казнување на децата

Од:

Франција ја крши Европската социјална повелба на Советот на Европа, бидејќи нејзиното законодавство на незадоволен и јасен начин не го забранува телесното казнување на децата, пресуди овај орган на Советот на Европа, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Француското право „не предвидуват доволно јасна и прецизна забрана на телесните казнувања“, ниту во законите, ниту во судската практика, оцени Европскиот комитет за социјални права, кој изрази жалење дека „постојат несигурности“ околу постоењето на „правото на казнување“, кое го признавало француското судство.

Оваа недореченпост во законите и судската практика, претставува „кршење“ на Европската социјална повелбам според експертите на Европскиот комитет за социјални права, кои се своевидни ќувари на овај обврзувачки договор на земјите членки на Советот на Европа, кои ја имаат ратификувано истата.

Комитетот има донесено и во минатото одлуки во оваа насока против Франција, на три пати, но овој пат за прв пат одлуката дека Франција ја крши повелбата е донесена по жалба на една невладина органзиација со седиште во Лондон, Аппроач, која се пожали на француските закони и права. 

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски