Франција го напаѓа Руте: Ја понижува Европа за да му се додворува на Трамп

Од:

Европските политичари сè повеќе го доведуваат во прашање пристапот на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објавува Политико. Критиките се насочени кон неговата реторика и начинот на кој, според неколку европски претставници, тој ја позиционира Европа во однос на САД и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тоа беше засрамувачки момент. Руте мисли дека Трамп ќе го засака ако биде суров кон Европејците. Не ни треба фанатик на Трамп. НАТО треба да ги балансира напорите на САД и Европа“, рече Натали Лоазо, членка на Европскиот парламент и поранешна француска министерка.

Критики стигнаа и од дипломатски кругови. Поранешната француска амбасадорка во НАТО, Муриел Доминге, рече дека демонстрирањето на европската слабост со цел да се обезбедат безбедносни гаранции на САД е застарен пристап кој, според неа, испраќа погрешен сигнал до Русија.

Без директно да го спомене Руте, француската министерка за вооружени сили, Катрин Вотрен, рече дека потребата од зајакнување на европската компонента во рамките на НАТО станува сè поочигледна.

Според Политико, идејата за зајакнување на улогата на европските сојузници во рамките на Алијансата, која Франција ја изнесе пред неколку години, сега добива поширока поддршка, вклучително и во Германија.

Претходно, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го критикуваше Руте за неговите изјави за наводната неспособност на Европа да се одбрани без САД. Тој рече дека Руте „грешил“ и дека Европејците можат и мораат да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Сиљановска-Давкова и Руте: Македонија е столб на безбедноста на Западен Балкан

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем