Франција: Екстремистите имаат корист од насилствата во Египет

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус денеска изјави дека ескалацијата на насилствата во Египет може да им користи на радикалните групи и апелираше на сите страни во конфликтот да направат се што е во нивна моќ за да ги намалат тензиите.

И покрај критиките на западните сили, египетското Министерство за внатрешни работи вчера издаде налог полицијата да користи боева муниција за да ги спречи нападите врз владините сили и објекти.

Движењето Муслимански браќа ги повика граѓаните и денеска да излезат на протести во Каиро за да го изразат својот бес по повод насилствата на војската кон демонстрантите.

– Со оглед на тоа дека Египет беше гарант на мирот во тој регион, ова во уште поголема мера е загрижувачки. Сите страни мора максимално да се воздржат од насилство, инаку постои ризик дека екстремистичките групи ќе ја искористат ситуацијата, што ќе биде многу сериозно, истакна Фабиус.

Тој дополни дека мора да се направи се за да се избегне граѓанска војна и спротиставените страни да се вратат зад преговарачката маса.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски