Фотографија на девојче во урнатините на Мосул ја разбранува светската јавност

Од:

Фотографија на која се гледа девојче како лежи стиснато меѓу тркалата на воено возило и урнатини ја разбранува светската јавност. Се работи за тело во распаѓање на девојка и е тешко да се каже која е таа и колку време лежи во такви ужасни услови, објави „Раша тудеј“. Фотографијата претставува трагичен симбол на цената што ја плати ирачкиот град Мосул за своето ослободување.

Шокантната фотографија, направена од видеоизвештајот на „Руптли“ снимен во Стариот град на Мосул, раскажува приказна за бројни цивили убиени или од Исламска држава или од коалиционите бомби и муниција предводени од САД за време на опсадата на Мосул. Многу од мртвите остануваат меѓу урнатините бидејќи локалните жители чекаат помош што ја вети коалицијата повеќе од половина година по ослободувањето на градот.

Продуцентот на „Руптли“, д-р Башар ал-Кафаџи, изјави дека телото на девојчето е ископано од остатоците за време на напорите за расчистување, во организација на локалните жители во областа Ал-Маккави во Стариот град.

„Мирисот беше неподнослив од големиот број тела расфрлани по улиците и куќите. Телата беа од десетици деца и жени”, вели продуцентот, кој снимал во областа. „Изгледаше дека поголемиот дел од телата се цивили. Имаше жени, деца и стари луѓе”, додаде тој.

Девојката, како и многумина кои загинаа за време на опсадата, не е идентификувана. Таа е само една од 500-те кои се отстранети од областа и се предадени на градскиот оддел за криминолошки науки, според Лаит Ибрахим, соработник на Одделот за општина Мосул. Тој изјавил за „Руптли“ дека има уште тела кои треба да се најдат.

Жителите кои ја преживеаја опсадата бараат одговори од владата и од коалицијата, кои ветија дека ќе помогнат во расчистување на телата и на остатоците од војната.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак