ФОТО: Заложничка драма во американското гратче Сент Џозеф

Од:

Маж вооружен со огнено оружје зеде вчера како заложници три лица, две жени и еден маж, вработени во банка во гратчето Сент Џозеф во американската сојузна држава Луизиана.

Локалната полиција соопшти дека по преговори со мажот неколку часа по почетокот на инцидентот, тој се согласил да ослободи една од жените, која не била повредена и била во добра здравствена состојба.

st-josef1

Полицијата соопшти дека засега не забележала истрели или насилство. Преговорите со мажот продолжуват и полицијата се надева дека ќе го убеди да ги ослободи и другите двајца заложници.

st-josef2

Се претпоставува дека киднаперот работи во супермаркет во градот и полицијата е во контакт со неговото семејство. Во Сент Џозеф живеат 1.135 жители.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро