Барак Обама успеа да му возврати на Мит Ромни со агресивниот настап во втората дебата на претседателските кандидати и значително да го подобри впечатокот.
Втората дебата за нијанса му припадна на актуелниот претседател, оценуваат аналитичарите, иако Ромни уште еднаш беше исклучително цврст и расположен за напад.
Обама говореше остро за економските планови на Ромни, данокот и надворешната политика, додека Ромни го истакна спорото економско опоравување и нападот во Либија.
Втората од трите претседателски дебати, донесе поинаков, поенергичен и поагресивен Обама, но и потполно нова атмосфера.
Ривалите наместо на прашањата на модераторот, одговараа на публиката во која имаше 80 неопределени гласачи, а можеа и слободно да шетаат по сцената.
Третата, последна претседателска дебата ќе се одржи на Флорида на 22. октомври.